Миочиќ: УФЦ ја замени мојата добрина со слабост! (ВИДЕО)

Generated by IJG JPEG Library

Стипе Миочиќ е последниот во низата борци кој не е задоволен од начинот на кој се однесува УФЦ спрема него.

Шампион во тешка категорија обично не зборува многу, така што неговите зборови во овој случај имаат тежина.

„Пожарникарот“ откри дека е многу фрустриран од фактот дека заработил помалку од неговиот предизвикувач Алистер Оверем во мечот за титулата на УФЦ 203.

„Тоа е ужасно. Работите дефинитивно треба да се променат. Нешто мора да се промени. Тоа навистина не е фер“, рече за „ММА час“.

Миочиќ пред своите фанови во Кливленд го победи Оверем со нокаут во првата рунда.

За првата одбрана на титулата добии 600.000 долари, а Холанѓанецот 800.000. Вели дека за така големата разлика дознал откако податоците се јавно објавени.

„Се чувствувам малку посрано. Се обидов да ги правам работите на исправен начин и да работам заедно со нив, но тие и не ми дадоа баш сјаен дил. Вината е моја, но, исто така, тие знаеја што прават. Ја заменија мојата добрина за слабоста“.

„Ми рекоа дека тоа е најдобро што можат и јас реков: Добро, одлично. И тогаш дознав дека не е“.

На прашањето дали станал фрустрирани откако дознал, одговори: Се разбира.

Рече дека разговарал со луѓето од УФЦ и го изрази својот гнев со тоа што предизвикувачот заработил повеќе од шампионот. Не беше задоволен од одговорт што го добил од работодавачот.

„Бла, бла, бла, само да најдоа некој изговор, како, тоа е договорот кој го потпиша …“

„Заработувате многу пари на мене во мојот роден град, а му дадвате на човек кој е предизвикувач, кој никогаш не освоил титула на УФЦ, на него му давате повеќе пари отколку на мене“.

„Тоа беше шлаканица“.

Рече дека УФЦ ја планира неговата следна одбрана на титулата во мај. На прашањето дали УФЦ позитивно одговори на неговите барања за нови преговори за договор, Миочиќ рече: „Во моментов е тотален хаос, да останеме на тоа“.

„Ние, дефинитивно, не сме тие кои се нефер. Не бараме неколку милиони или нешто слично, но дефинитивно сакам надомест за освојувањето на појасот, за тоа што го одбранив во својот град и тоа тој да заработи повеќе од мене е срамота. Тоа е ужасно“.

https://youtu.be/8UXDNUxAQvU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON