„Миочиќ има една цел-да стане УФЦ шампион“!

stipe _miocic farban

„Работевме на некои работи, а тој ме научи многу. Се на се беше одлично искуство, голем две одлични недели. Не би го сменил тоа за ништо на светот и дефинитивно се враќам многу за повторно да тренирам со Мирко“, потврди Стипе Миочиќ за службената страница на неговата прмоција UFC.com, зборувајќи за двонеделното искуството со Кро Кап при престојот во Загреб.

Во текстот се говори дека Миочиќ е Хрват, но никогаш порано (2104) не патувал во татковината на неговите родители.

„Го прифатив повикот на Кро Кап, за да доживеам такво патување, сакав да видам како е тоа. На крај, беше неверојатно, прекрасно искуство, а беше убаво да се види моето семејство“, додаде Стипе, чии родители одамна се разведени.

Татко му Бојан живее во Австрија, а мајка му е во САД. „ММА Пожарникарот“ признава дека е „мамино синче“.

„Јас сум мамино синче. Таа е прекрасна жена, неверојатна е. Таа растура“, рече Миочиќ.

Дел од големата приказна за хрватскиот борец припаѓа и на неговиот тренер Маркус Маринели, кој е сопственик на Style Gyma u Independenceu (држава Охајо), каде што е постојаната база на Миочиќ. Маринели не се жалел многу по заминувањето на Стипе во Хрватска, затоа што и самиот имал закажано операција на грбот која морал да ја направи. Заминувањето на Миочиќ му одговарало.

„Кога се врати, не видов голема разлика во техниката, но видов дека Стипе многу повеќе е фокусиран од порано. Едноставно, беше подготвен за војна. Порано, еден од големите грижи ми беше да му го задржам менталниот фокус во моментот кога ќе сфатеше дека пред него е некој силен противник. Сега се врати со тој фокус и тоа ни овозможи да одиме напред и да напредуваме“, рече Маринели.

Еден од двата порази кои Миочиќ ги доживеа во кариерата се случи неодамна и тоа од поранешниот шампион Жуниор дош Сантош. Иако го „стави зад себе“, признава дека на мечот со Бразилцот се сеќавам секој ден…

„Размислувам за тој пораз. Не сакам да губам. Мразам да губам, но што да направам сега. Судиите мислеа дека победил тој, за кој веќе ништо не може да се направи“, објаснува Хрватот.

Мечот со Дош Сантош ја коментираше и тренерот Маринели …

„И претходно знаеше дека е голем борец, но не знаеше колку е добар. Сега го сфати тоа. Седнавме и разговаравме што сака во животот и на што е подготвен. Тој сака да стане шампион. Тој сака шанса да стане шампион. Сите ние го сакаме тоа и сакаме да успее. Не постои друга цел освен таа“, потврди Маринели.

Но, и во случај да стане УФЦ шампион, Миочиќ ќе остане пожарникар. Тоа е едноставно му е во крвта, а има многу сличности во двете професии.

„Сакам да и помагам на луѓето. Не сакам да се откажам од тоа. Да се ​​биде пожарникар, исто така, малку e болно. Лудилото секогаш владее, но мора да останеш смирен и многу студен во тешки ситуации. Истата работа е и во борбата. Мора да бидеш смирен и сконцентриран. Не смеам да полудам во ниту еден момент, бидејќи тоа ќе биде погубно“, рече Миочиќ и додава:

„Борбата е голем притисок. Кога си сам во кафезот, сешто може да се случи. Кога сте пожарникар, таму, сепак, до тебе има неколку луѓе. Не сум само јас“.

На крајот, Стипе се осврна и на саботниот меч против Марк Хант.

„Марк е цврсто момче. Фрла силно и има одлична брада. Сличен е на Жуниор“, заклучи тој .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО