Кајл Нок се потсети на времето на „Ловци на крокодили“! (ВИДЕО)

Кајл Нок и Стив Ирвин
Кајл Нок и Стив Ирвин

Австралискиот борец во УФЦ, Кајл Нок, во раните денови од својата кариера бил телохранител, но и пријател на Стив Ирвин, познат како „Ловец на крокодили“. Во прилог, УФЦ ТВ потсети на тоа време .

 Еден од најдобрите австралиска ММА борци, Кајл Нок, 2003-2006 година учествува во снимањето на популарното шоу, каде што работел како заштита, односно телохранител на популарниот Стив Ирвин. Меѓу другото, тој му беше тренер по боречки вештини на Ирвин, а со текот на годините и станаа големи пријатели.

 Нок не бил присутен во моментот на смртта на Ирвин, бидејќи тогаш се подготвувал за борба, но неговата смрт тешко му паднала. Во ова видео се сеќава каква личност бил Стив, исто така и какво било целокупното искуство работејќи со една толку посебна личност, каква што беше секогаш расположениот Стив.

 Кајл Нок во сабота настапува на УФЦ Фајт најт во Аделаида, а негов противник е Џонавин Веб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО