Стипе Миочиќ (19-3, 13-3 УФЦ) по втор пат стана шампион во тешка категорија на УФЦ.
Миочиќ го нокаутира Даниел Кормиер (22-2-1НЦ, 11-2 УФЦ) во четвртата рунда во реваншот на УФЦ 241 во Анахајм, откако ги загуби првите три рунди.
Кормиер беше убедлив во првата рунда. По размената на лоу кикови на почетокот, бранителот на титулата погоди со две крошеа. Потоа оди на рушење на едина нога и го подига и го фрла Миочиќ на подот. До самиот крај ја контролираше борбата во партер и напаѓаше од граунд и паунд.
Во втората рунда Миочиќ не успеваше да го држи ДК на дистанца и доби серија тешки удари, но откако беше здрман успеа да му врати на Кормиер со иста мерка кога почувствува дека е време да тргне уште посилно. До крајот на рундата ДК беше подобар и повторно погоди со серија удари.
Во третата рунда, Кормиер реши да боксира со Миочиќ и доминира над американско-хрватскиот борец кој успеа за кратко да го собори ДК.
Во четвртата, Миочиќ почна одлично да го погодува Кормиер со левата рака во телото, што даде резултати, а го заврши со серија удари до жицата.
Миочиќ не се бореше сè до првата борба со ДК минатиот јули, кога загуби со нокаут во првата рунда, а на Кормиер ова му беше прв пораз во тешка категорија.