Милијана Рељиќ шеста на мулти Европските игри во Софија

Милијана Рељиќ (jуниорки -68 кг) го освои шестото место на мулти Европските игри во такевондо во Софија,Бугарија. Натпреварувачката на Тигри во првата борба ја декласдира Ила Контакси од Грција со високи 22-4, а во борбата за медал повторно се сретна со европската клупска шампионка Карлота Занони Пјагет од Шпанија од која загуби. 

Ова е втор меч за еден се сретнаа во раната со Шпанката која во четвртокот го освои златниот медал во категорија до 21 година на Европските игри.

„Мила само што почна да оди на овие исклучително силни и скапи турнири. Од самиот старт почна да се носи со европските шампионки. За Тигри на овој натпревар земаа учество уште двајца натпреварувачи, за кои исто така имавме големи очекувања, но жрепката сакаше уште во првото коло да се бориме со претставници на светската спортска велесила Русија“, вели тренерот Александар Ефтимов.

Ања Пејиќ (+68 кг) во јуниорска конкуренција и загуби од Анастасија Пожидаева. Александар Петровски (-63 кг) се бореше во четвртокот во У-21г и во првото коло беше поразен од русинот Роман Лешчев.

На игрите настапуваат над 2000 натперварувачи од 50 држави, а организаторот го вреднуваше турнирот меѓу четирите најсилни во светот.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО