Милер го турна Џошуа, а потоа и ја напушти прес-конференцијата (ВИДЕО)

Големата ѕвезда на боксот, Ентони Џошуа, денеска пристигна во Њујорк за прес-конференцијата со Американецот Џарел Милер, кој е предизвикувач за сите титули на Британецот. Тензија меѓу нив изби пред почетокот на официјалниот настан.

Милер го турна Џошуа, по што интервенираше обезбедувањето. Во вербалната препирка на прес-конференција Џарел не издража и ја напушти.

„На овој меч ќе го покажам најдобрите можности и сигурен сум дека носам правилни одлуки на долг рок. Милер не може да ме победи, дури и во најдобриот ден. Почитувам противници, но ако тие не ме почитуваат – го добиваат најлошото од мене“, рече Џошуа.

„Тој е бавен, веројатно е подобро да играат во НФЛ (Национална фудбалска лига)“, додаде Британецот.

Дуелот меѓу Џошуа и Милер ќе се одржи во „Медисон сквер гарден“ на 1 јуни, а гала вечерта е насловена како „Велика Британија и Ирска против светот“.

Џошуа е носител на четири од петте титули – Светската боксерска асоцијација (ВБА), Меѓународната боксерска организација (ИБО), Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и Светската боксерска организација (ВБО). Нема ниту еден пораз во кариерата, а сите победи, со исклучок на една, завршувија со нокаут.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=DcRixfBmPHU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО