Џарел Милер (21-0-1, 18 КО) го продолжува подемот во тешка категорија.
29-годишниот Американец го доби третиот меч по ред, победувајќи го поранешниот предизвикувач за титулата светски шампион во тешка категорија.
„Големото бебе“ во Њујорк со едногласна одлука на судиите (117-111, 117-111, 119-109) го совлада Французинот Јохан Духаупас (37-5, 24 КО) во мечот за задолжителен предизвикувач на ВБА федерацијата.
Актуелен шампион на ВБА „супер“ е Ентони Џошуа, а „регуларен“ Мануел Чар.
Милер во борбата влезе најтежок досега, со 138 килограми.