Милан Трендов освои бронза во грчко-римски стил во Дортмунд (ФОТО)

Милан Трендов, синот на поранешниот борач на Спартак од Кочани, Благој Трендов, го освои бронзениот во грчко-римски стил за млади А и Б конкуренција на турнирот „Вестфален мајстершафт“ во Дортмунд, Греманија.

„Имаше три борби, првата ја победи со технички туш, а во втората се повреди, ама се избори до крај и изгуби на поени, како и во третата, во која беше поразен на поени. Но, сето тоа е одраз на повредата“, вели неговиот тренер и татко Благој Трендов за Ipon.mk.

Претходната недела Милан учествувал на Вестфален мајстершафт во слободен стил и забележал една победа и два порази и го освоил 5-тото место.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО