Давид Везенкоски реди успеси во Шведска и чека повик во репрезентацијата на Македонија (ФОТО)

Давид Везенкоски (роден 2003 година) чиј матичен клуб е Џудо клубот Сеишин од Прилеп пред две години замина да живее и учи во Норкопинг Шведска. Но, и таму продолжува да тренира во ЏК Норкопинг-Норкопинг.

Стручниот штаб на Норкопинг ги забележува неговите квалитети и поради задоволителната подготвеност на Везенкоски и му овозможува тренажен процес за негово надградување.

„Во изминативе две години активно учествувам во системот на натпревари, како на државни првенства во Шведска, така и на меѓународни турнири во Скандинавија, во старосните категории пионери и кадети. Досега освоив вкупно 16 медали (6 златни, 4 сребрени и 6 бронзени), како и 2 пехари за најдобар натпреварувач. Во 2017 година станав државен првак на Шведска во конкуренција на пионери  до 73 килограми. Но, заради тоа што не поседувам државјанство, немам право на настап за шведската репрезентација“, вели Везенкоски.

Давид во 2017 година од пионерска преминува да се натпреварува во кадетска конкуренција, така се стекнува со право на настап и за јуниори и за сениори.

„Останувам дел од Сеишин. Кога ќе има услови во тековната година ќе доаѓам на неколку пократки сесии на тренинзи во матичниот клуб. Согласно резултатите се надевам и на повик за настап за државната репрезентација на Македонија, како македонски државјанин“, нагласува Везенкоски кој неодамна положи за кафеав појас во новиот клуб.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО