Милан Кубин: Не ми е мило, но не жалам за изгубеното злато…!

milan-kubin-so-medalot-na-ep-2016

Младиот македсонски репрезентативец во кик бокс, Милан Кубин, уште на дебитанскиот настап во сениорска конкуренција можеше да се запише во историјата на Европските првенства со освојувањето на златниот, а го делеше само една секунда од големиот успех. Сепак, Кубин (-89 кг) постигна голем успех и со освојувањето на сребрениот медал на Европското првенство во кик бокс во Лутраки-Грција, во кик лајт.

Кубин во финалето загуби од рускиот репрезентативец Александер Бобров со 2-1.

milan-kubin-na-piedestal-ep2016

Кога веќе легнаа работите, жалиш ли што за секунда ти избега златниот медал?

-Не ми е мило, но не жалам за изгубеното злато, бидејќи тоа е минато и секогаш гледам да се претставам во најдобро светло, без разлика каков ќе биде резултатот. Златото, паричните награди се убава работа, но тоа се претежно копнежи на секој човек и немаат крај, така што задоволството мора да се бара и во духовниот дел на боречките вештини.

kubin-go-nokautira-protivnikot-na-ep-2016

Што се случуваше во тие неколку секунди?

-Во тие неколку секунди, при крајот, не знаев каков е резултатот, бидејќи не може ни да видиш, а разменувавме удари најизменично и судиите доделија еден поен повеќе за него во последната секунда.

Каков противник е Русинот?

-Русинот е натпреварувач со две раце и нозе (мислам дека немаше три- хахаха).

milan-kubin-so-rusinot-bobrov

Дали сребрениот медал е навестување за поголеми дострели?

-Без разлика на сребрениот медал, односно со него или без него, сигурно дека не ми беше во план да се откажам од кикбоксот и доколку изгубев во првото коло. Секако дека ќе има нови дострели, сега посебно со новите и поубави услови.

Благодарение на човекот кој ми е тренер и со кого работиме активно, Драган Атанасовски, ова не би можел да го направам. Потоа на претседателот Дејан Митровски кој се грижи околу организационискиот дел, условите за работа и напредокот. И, нормлано, човекот што и понатаму ќе стои зад сите мои успеси, без разлика што веќе не е со нас, а ми беше многу повеќе од тренер – Димче Кичевски.

makedonskata-kik-boks-reprezentacija-na-ep-2016

За финалето од нашата репрезентација рекоа:

„Милан Кубин може да жали што не успеа да го освои златниот медал на Европското првенство во Лутраки, Грција, бидејќи финалниот меч против Александар Бобаров го загуби со поен во последната секунда.

Во еден израмнет меч во текот на сите три рунди, тој беше блиску до првото злато за нашата држава на ова натпреварување, но, не успеа да дојде до тоа откако противникот му зададе удар и со тоа го доби победничкиот поен за конечни 2-1“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON