АктуелноДомашна сценаКарате

Милан Димитриески доби мајсторско звање осми дан од Окинава карате до вештината

Пред Комисијата на Карате асоцијацијата на Јапонија во Окинава, Милан Димитриески ја доби титулата мајстор – кјоши на осмиот дан, на испитот одржан на 18 септември, денот кога почнал да тренира карате пред 45 години.

На островот Окинава во Јапонија, од 1 до 23 септември, имаше српско-македонски карате тим составен од: Дарио Франолиќ, Саша Петровиќ, Левко Левков, предводен од Милан Димитриески, мајстор инструктор по уечи рју Окинава карате до вештина.

Во споменатиот период, карате тимот од Србија и Македонија имаше интензивни тренинзи во седиштето на Карате асоцијацијата на Окинава, како и во карате клубови со најголемите мајстори на оваа вештина, како што се: Цутому Накаходо – 10-ти дан, Шинтоку Такара – 10-ти дан, Шинмацу Окухама – 10-ти дан, Кеичо Тобару – 9-ти дан, Масунори Јонамине – 9-ти дан, Хирокуни Јамаширо – 9-ми дан, То Иширо Осаму – 8-ми дан, и многу други карате мајстори на уечи рју Окинава…

„Гореспоменатите големи мајстори ги корегираа нашите техники и тактики со многу енергија и трпение со цел да ги подобрат своите вештини и да се подготват за претстојните дан тестови за мајстори.“, објасни Милан Димитриески (на сликата).

По бројните тренинзи, на 18 септември, пред испитната комисија на Карате асоцијацијата на Окинава на Јапонија, нашите каратисти успешно ги положија тестовите за титули мајстори: Милан Димитриески – ќоши 8-ми дан, Дарио Франолиќ – џун шихан 4-ти дан и Саша Петровиќ – 2-ри дан. Нашиот карате мајстор од Велес, Левко Левков, 4-ти дан, ја доби лиценцата за инструктор џун-шихан од Карате асоцијацијата на Окинава.

По полагањето на испитот, на нашите мајстори им беа врачени дипломите од гореспоменатата Асоцијација, со што се потврди квалитетот и високото ниво на мајсторство на нашите каратисти на меѓународно ниво. По врачувањето на дипломите, се одржа свечена прослава за Милан Димитриески по повод неговата 45-годишнина од практикувањето карате Окинава.

По полагањето на испитот, на карате мајсторите им беа доделени дипломите од гореспоменатата Асоцијација, со што се потврди квалитетот и високото ниво на мајсторство на каратисти на меѓународно ниво.

„Покрај интензивните тренинзи, ова беше добра можност да се подобри и зајакне долгогодишното пријателство меѓу нашите и јапонските каратисти и да се договорат низа важни заеднички активности за следните две години.
Постои голем интерес од јапонските мајстори за организирање на Меѓународен семинар со уечи рју Окинава карате до во Охрид, бисерот на Македонија, во наредниот период. Се надевам дека ке го реализраме тоа.“, рече Димитриески.

Милан истакнува дека во седиштето на Карате асоцијацијата на Окинава се врачени сертификати за мастер тренер по карате од Велес, Трајче Арсов, за чин 2-ри дан и лиценца за инструктор по шидоин од Карате асоцијацијата на Окинава.

Фото: Милан Димитриески

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON