Милан Димитриески: Кога сте во близина на Ѓоковиќ се чувствува неговата позитивна и ментална енергија, а многу сака да го посети Охрид

Новак Ѓоковиќ го исполни својот сон да освои златен олимписки медал, а тоа го направи со извонредната победа против Алкараз на Олимписките игри во Париз, со што израдува многу приврзаници во светот и регионот, а секако и во Македонија.

Нашиот карате мајстор кој работи во Белград, Милан Димитриески имаше неколку средби со Ноле на кои се зборуваше за спортот. Од друга страна, Милан е воодушевен од неговата аура и верува дека тоа се забележува во контактот со него и дека има посебен, божествен дух.

Димитриески раскажува за средбите со Ѓоковиќ, за неговата голема желба да го посети Охрид и ги наоѓа заедничките елементи со каратето кои му овозможуваат да биде најголем во историјата.

„Имав голема среќа и бев благословен во Белград да сретнам со него. Досега шест пати се сретнавме и размениме по неколку реченици, а тоа обично беше пред или после неговиот тренинг во Тениски центар „Ѓоковиќ“ во Белград.

Кога сте во негова близина се чувствува неговата позитивна и ментална енергија. Во секој обид се чувствува како голем човек во светските рамки“, вели Димитриески и додава:

„Последен пат му кажав дека го очекуваме во Охрид, на тоа ми рече дека многу сака да го обиколи Охрид и дека тоа одамна му е влезено во глава, но во моментов поради обврските нема време“.

За настапите на Ѓоковиќ со своја анализа.

„Кога анализирав некои моменти од неговите мечеви или тренинзи забележав дека многу ментални работи којшто ги прави имаат исти моменти како делови во боречките вештини.

Пример 1: Во главни моменти на мечот влегува во ментална состојба МУШИН, тоа е да се препуштиш на борба-меч, а не резултат-победа.

Пример 2: На тренинг со двајца млади тенисери им кажа дека најголема сила во сервисот се добива не од замавот, туку од нозе, кога тежиштето се спушта надолу.

Овие принципи се директно вклучени во карате.

На крај можам да кажам дека Новак со своите светски резултати, можности, ментални и духовни и хуманитарни квалитети е сè најдобро што е концентрирано во еден човек од Србија и регионот“, вели Димитриески.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО