Мила Рељиќ освои бронзана Г2 турнирот „Подгорица опен“

Уште еден освоен медал за Мила Рељиќ на Г2 турнири. Овојпат бронзен на Меѓуанродниот таеквондо турнир „Подгорица опен“.

Така, нашата репрезентативка освои нови поени за светската и олимписката ранкг-листа за искачување скалило погоре!

Во првото коло поради одличната ранкинг позиција, Мила беше слободна, а во второто коло ја победи Ангел Алиех Палма од Италија со 2-0. Во полуфиналето беше тесно поразена од српската репрезентативка Надја Савковиќ, и тоа само 1-0 во првата рунда, а во втората беше 1-1, но, сепак, победата и припадна на противничката.

„Формата на Мила е извонредна и најавуваме уште успеси“, вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON