Мила Рељиќ е 10-та на Светската ранг-листа пред СП во таеквондо

Мила Рељиќ е на 10 место на Светската ранг-листа во таеквондо.

По освоениот бронзен медал на Г2 турнирот „Подгорица опен“ во Црна Гора, и поените собрани од Белград и „Албанија опен“нашата репрезентативка направи добра ранг-позиција.

Овој пласман ќе и овозможи да биде слободна во првото коло на Светското првенство за сениори кое се одржува во Гвадалахара, Мексико, од 13 до 20 ноември.

Рељиќ има голема шанса да блесне на СП и да ја израдува спортската јавност во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО