Микс го одбрани појасот на Белатор во бантам категорија против Магомедов, триумф на Думбе

Американскиот борец Пачи Микс го одбрани појасот на Белатор во бантам категорија против Дагестанецот Магомед Магомедов на настанот во париската Акор арена.

Оваа борба беше многу понеизвесна од нивната прва пресметка во декември 2022 година на Белатор 289 кога Американецот победи со гушење во втората рунда.

Овој пат Микс победи со поделена одлука и за прв пат ја одбрани титулата откако го совлада Серхио Петтис.

Во конасловната борба во лесна категорија Седрик Думбе со прекин во првата рунда го победи Џелил Вилис.

Француско-камерунскиот борец требаше да се бори со Дерек Андерсон, кој минатиот месец имаше сообраќајна несреќа и ја откажа борбата.

Тоа беше прв меч за Думбе по првиот пораз во кариерата. Во март загуби од Баисангур Чамсудинов со прекин во третата рунда.

Резултати – Белатор шампионска серија 2:

Пачи Микс – Магомед Магомедов – поделена одлука на судиите (46–49, 48–47, 48–47)
Седрик Думбе – Џелил Вилис – ТКО (удари), Р1 (3:33)
Костело ван Стенис – Григориј Бабене – завршница (со флу гушење), Р2 (2:16)
Ив Ланду – Јонас Билхарињо – поделена одлука (29–28, 28–29, 30–27)
Арчи Колган – Тибо Гути – едногласна одлука на судиите (30–27, 30–26, 30–26)

Воведни борби:
Слим Трабелси – Луис Сатерленд – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Мансур Барнауи – Јусуке Јачи – завршница (брабо гушење), Р1 (4:08)
Мајк Шипман – Стивен Хил – ТКО (завршница), Р1 (5:00)
Аспен Лад – Екатерина Шакалова – едногласна одлука на судиите (29–28, 30–27, 29–28)
Асаел Адјудј – Бруно Фонтес – ТКО (тупаници), Р2 (1:11).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО