Мики Ивановски се враќа во репрезентацијата за да освои медал на Светското првенство

 

Мики Ивановски се враќа во кик бокс репрезентацијата по речиси по двегодишна пауза, односно по освојуванјето на бронзата на ЕП.

Мики Ивановски

„Се враќам по двегодишна пауза од две причини: едната е санирање на повредите, а другата работни обврски“, вели Ивановски.

По ваква пуза се поставува прашањето дали ќе продолжи трендот на освјување на медали, но сега од Светското сениорско првенство во Будимпешта, Унгарија, од 6 до 12 ноември.

Мики истакнува дека со успесите треба да продолжи и на Светскиот шампионат, бидејќи имал добри подготовки.

„Подготовките беа со силно темпо и се тренираше по двапати на ден“, нагласува Ивановски кој првиот европски медал го освојува на ЕП во Азербејџан во 2010 година, а има и сребрен во мај тај од ЕП во Украина во 2013 година.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО