Михајловски ќе се бори за полуфинале на ЕП, Тодоров и Горневски ги завршија натпреварите (ФОТО)

Денес македонската кик бокс репрезентација ги заврши настапите на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција, со биланс една победа и два порази.

Марко Горневски последен се бореше и загуби Славомир Малик од Полска.

Па така, само Стефан Михајловски стартуваше со победа и тоа против Аласгар Бахишов од Азербејџан со 2-0, односно со прекин.

Во четвртфиналето се среќава со Блаж Поточник од Словенија и ако го помине ќе се пласира во полуфиналето и ќе обезбеди бронзен медал.

Марко Тодоров ќе жали, бидејќи загуби еден бод во последните пет секунди против Французинот Алексис Сотрон, а тоа го чинеше минимален пораз од 1-2. Тодоров во третата рунда го погодил противникот со колено и му броеле.

Вечер е жребот за преостанатите наши репрезентативци.

На ЕП настапуваат 850 кикбоксери со 980 натпреварувачи влезови од 39 држави.

Резултати Европско првенство:

Лоу кик
-67 кг
Роберт Костовски – Бохдан Скитник (Украина)/ Алесандро Капуто (Италија) ¼ финале
-86 кг
Бобан Илиовски – Мартин Лоренц (Чешка)

Кик лајт
-65 кг
Викторија Варадинова – Иларија ди Цинито (Италија) ¼ финале
-69 кг
Марко Горневски – Славомир Малик (Полска) 0-3
-94 кг
Мите Ашкилов – Селман Јуџел (Турција)

+94 кг
Стефан Михајловски – Аласгар Бахишов (Азербејџан) 2-0
Стефан Михајловски – Блаж Поточник (Словенија) ¼ финале

K-1
-67 кг
Марко Тодоров – Алексис Сотрон (Франција) 1-2

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО