Садам Али (26-1, 14 КО) му го расипа прошталниот меч на Мигуел Кото (41-6, 33 КО) а со тоа ја освои светската титула.
37-годишниот Порториканец во својата последна борба во Медисон сквер гарден во Њујорк загуби од осум години помладиот боксер од Њујорк со едногласна одлука – 115-113, 116-112, 115-113 и му го предаде на победникот ВБО појасот во супервелтер.
Но за оваа борба се подигна од велтер и во последните четири рунди влезе со бодовно заостанување, но успеа да направи пресврт во мечот.
И покрај поразот, речиси 13.000 навивцачи со овации го поздравија Кото на кого ова му беше десетти меч во Медисон сквер гарден.
Кото беше голем фаворит во оваа борба и се очекуваше со прекин да го победи Али, кој единствениот пораз го доживеа со технички нокаут од Џеси Варгас кој не е познат како голем удирач.
„Нешто се случи со мојот лев бицепс во седмата рунда, но не сакам да барам изговори. Садам ја одби оваа борба. Ова беше мојата последна борба. Јас сум добро и сакам да бидам среќен во мојот дом со моето семејство. И благодарам на сите навивачи. Горд сум што можам да го наречам Медисон сквер гарден за мој втор дом. Овој спорт ми даде можност да му пружам се најдобро на моето семејство“, рече Котто.
.