Мигуел Кото ќе се бори за појасот на ВБО во супервелтер

Мигуел Кото (40-5, 33 КО) на 26 август ќе се обиде да стане светски шампион по шести пат во својата кариера.

Поранешниот светски шампион во четири тежински категории (супер лесна, лесна, велтер категорија и супервелтер) во Карсон, Калифорнија, ќе се бори за испразнетата титула на ВБО во супервелтер против 34-годишниот Јапонец Јоширо Камегаи – Ел Маецрита (27-3-2, 24 КО) .

Кото неодамна го раскина договорот со Рок нејшн, промоцијата на раперот Џеј Зи. Оваа борба ја организира неговата Мигуел Кото промоција и Голден бој во соработка со Теикен промоушнс.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО