Миа Тодорова ќе се бори за европската титула, Горјан Ристовски освои бронзен медал на ЕП

Македонија има финалист на Европското првенство за постари кадети и јуниори во Будва, Црна Гора. Миа Тодоросвка во полуфиналето ја совлада Донета Менџики од Косово со 3-0 и се пласира во финалето на ЕП, кад ешто утре за златото ќе се бори со Русинката Пеливан Ајшегул.

Горјан Ристовски не се пласира во финалето по поразот од Иван Федорчук од Русија со поделена судиска одлука од 1-2. Ристовски го освои бронзениот медал.

Утре Олгица Орешкова протрив Кристина Иудина од Русија ќе се бори за влез во финалето.

На ЕП ќе настапат 1163 кикбоксери со 1466 натпреварувачки влезови од 39 држави.

Резултати – ЕП кик бокс-Будва, Црна Гора:

Кик лајт – постари кадети
-47 кг Исмаил Туркер – Решут Ксавиер (Полска) 0-3

Лоу кик – јуниори
-48 кг Олгица Орешкова – Кристина Иудина (Русија) ½ финале

К-1 – јуниори
-57 кг Силивио Мировски – Страхиња Савиќ (Србија) 3-0
Полуфинале
-57 кг Силивио Мировски – Максим Лиубин (Молдавија) 0-3

-71 кг Горјан Ристовски – Милош Богуцки (Полска) 2-1
Полуфинале
-71 кг Горјан Ристовски – Иван Федорчук (Русија) 1-2

-65 кг Миа Тодорова – Донета Менџики (Косово) 3-0
Финале
-65 кг Миа Тодорова – Пеливан Ајшегул (Русија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО