Екипните натпревари привлекуваат посебно внимание на Државните првенства во карате за сениори, а така беше и оваа година, бидејќи шампионот беше добиен по екстра меч. Во екстра мечот за Металург настапи Мартин Несторвски, а за Макпетрол Симон Антиќ, а победата за титулата му припадна на поконцентрираниот Мартин. Несторвски го победи Антиќ со 6-2.
Поголемо внимание предизвикаа борбите меѓу Дејан Павлов-Макпетрол и новиот шампион Петар Спасеновски во категоријата до -84 кг, која ја доби каратистот на Макпетрол со 1-0 и му нанесе пораз на младиот шампион, а тоа беше водство од 1-0 за петролејците, бидејќи преходните две заврпија нерешно, како и наредната. Во одлучувачката борба се сретнаа Петар Заборски и Мартин Несторовски. Борбата донесе многу возбудувања, затоа што помладиот и полесниот Заборски храбро се бореше со искуниот Несторвски, а ја доби каратистот на Металург со 1-0, иако од Макпетрол беа на мислење дека не му беа досудени поени на Петар.
Сепак, тоа е спортот, Металург е екипен првак на Македонија.
Ipon.mk/В.Д.