И на вториот ден од Државното изборно првенство за јуниори кадети (вчера се бореа У-21) резултатите се во рамките на очекувањата, со сите пропратни слабости, односно малиот број на натпреварувачи во одредена категории, повеќе како резултат на тактизирање.
Така, европската шампионка Вероника Костовска (-53 кг) во јуниорска конкуренција мораше да се бори против клупската другарка Азра Цури од КК Кеикс. Додека категоријата до 59 килограми беше најбројна, пет натпреварувачки, а Моника Пендаровска го оправда епитетот на фаворит. Каратистките на Ботони, Марија Василева (+59 кг), Ангела Мојсовска (Макпетрол) е втора во оваа категорија и Кристина Ристиќ (-48 кг) победија во своите категории. Ристиќ ја победи Драгана Манговска од Металург.
Кај јуниорите Петар Спасеновски од Металург (+76 кг) имаше интересни борби и во финалето салвеше убедливо со 7-0 против Андреј Ристески (Спорт 94), а Димитар Јакимов (Партизан-Кочани) е трет,кој исто така беше поразен од Спасеновски со 4-1. Дуан Османи (Фати) е прв во -76 кг.
Каратистите на Металург Давид Петков (-61кг) и Стефан Костиќ (-68) се шампиони на Македонија на изборното првенство во јуниорска конкуренција. -55
Абдурахим Идризи (Форца) станува се посигурен во изведбата на кати, иако конкуренцијата кај кадетите е доста силна. Тој денес го освои првото место откако во трите изведби до финалето ги победи противниците со 5-0 и тоа со катите: емпи, гоџишихошо, канкушо и во финалето ја изведе унсу и славеше со 4-1.
Ѕвонко Никловски (Урбан инвест) е втор, Ѓорги Бановски и Јован Васиќ од Гладијатор-Велес се третопласирани.
Столе Смилковски (-57 кг, кадети) во финалната борба со 4-0 го совлада Лирим Емини (Башкими-Куманово).
Фахик Весели (- 52,кадети) од Олимпик спорт 94 е прв пред Дритон Халими (Камиказе), Усаме Бајрами (Форца) и Муслија Бафќар (Ринија-Матејче).
Металург доминираше и кај кадетите: Роберто Ацковски (-63) беше подобар од Тодор Коневски (Макептрол), Филип Несторовски (-70) и Дамјан Кузмновски (+70) станаа прваци во своите категории.
Мора да нагласиме дека со Државното првенство не се дефинира конечниот список за Џакарта-Малезија, бидејќи ќе има и плеј-оф турнир на кој ќе се одредат патниците за СП.
Извршниот одбор на Македонската карате федреација одлучи да на се патува на Медитеранските игри во Египет, туку да се оди на турнир во Ријека-Хрватска, кој ќе се оценува со коефициент единица. Ова е во периодот пред Светското првенство во Малезија.
Резултати: Изборен_турнир_за_кадети__јуниори_и_јуниори_до_21_година.
ipon.mk/В.Д.