Металург продолжи со успесите, но неколку клубови се наметнаа на Државното првенство

Veronika Kostovska na Drvzavno mavasi 22.11.2015

И вториот ден на Државното првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 каратистите на Метлург беа на висината на задачата, но и неколку каратитсти на Олимпик спорт  се истакнаа, а свои блесоци имаа и каратистите на Макпетрол, Форца, Кеикс, Фати и други.

Metalurg na Drzavno 22.11.2015

Шампиони во кадетска конкуренција станаа: Верона Ајдини (-47 кг, Форца), Вјолца Гафури (-54 кг, Фати) и Сања Цветковска (+55 кг, Спорт 94).

Vjolca gafuri

Кај кадетите прваци станаа: Фаик Весели (-52, Олимпик спорт), Столе Смилков (+57 кг, Олимпик спорт), кој финалната борба ја доби со 6-0 и прикажа убава борба. Јон Куртиши (-63 кг) од Шкомбини триумфираше против Бојан Димов со преврт во последните секунди. Филип Несторовски во категоријата – 70 кг не дозволи изненадување, иако се чувствуваше заморот од Светското првенство во Индонезија, додека Филип Ефрмеов беше најдобар во најтешката кадетска категорија над 70 кг.

Faik Veseli prv na Drzavno

Интересна борба водеа Моника Пендаровска-Макпетрол и Вероника Костовска-Кеикс во категоријата до 53 килограми во јуниорска конкуренција, која во регуларниот дел заврши 0-0, а на изјаснувањето судиите и доделија победа на Костовска од 4-1. Кај тренерите на Макпетрол беше евидентно незадоволството, зашто сметаа дека Пендаровкса била поактивна.

Monika pebadrovska i veronika na Drzavno 22.11.2015

Сара Крстевска од Металург беше подобра до Азра Цури од Кеикс, иако противничката водеше со 3-1 таа на 6 секунди перд крајот со уромаваши гери се избори за ипон и победа од 4-3. Во + 59 кг триумфираше Ангела Мојсовска од Макпетрол против Емилија Јањиќ од Олимпик спорт  Драгана Мнаговска (-48, Металург) беше подобра од Слободанка Стфановска-Самурај.

Screenshot 2015-11-22 21.51.57

Јуниорот на Металург, Роберто Ацковски, триумфираше во категоријата до 61 килограм, а Стефан Костиќ, исто така од Металург, стана прв во категоријата – 68 кг, совладувајќи одличниот Григор Станоев од Вардар со 3-0,  како и Петар Спасеновски (+76 кг). Оваа славеничка атмосфера на Металург ја прекина и Доан Османи од Фати (-76 кг), кој триумфираше. Марку Ардит (-55 кг) од Уранику беше најдобар во најлесната категорија.

Резултати Државно првенство за кадети, јуниори и јуниори 21.

Државно првенство кадети, јуниори и јуниори 21 – косистеми 1.

Државно првенство кадети, јуниори и јуниори 21 – косистеми 2.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО