На 43-от карате настан Лорд куп (19 мај) за каратистите родени 2007 година и помлади во кати, поединечно и екипно презентирање во борбата добија карате оскар.
На карате натпреварот зедоа учество каратисти од Македонија, Србија и Бугарија од 15 клубови.
Жири комисијата ги даде своите резултати и оцени дека најдобри презентации на катите ги имаа наведените клубови и каратисти и каратистки:
Екипно
- женски на возраст до 8 години КК Металург, Скопје
- машки на возраст до 8 години КК Куманово75, Куманово
- женски на возраст до 11 години КК Аеродром, Тетово
- машки на возраст до 11 години КК, Ѓорче Петров, Скопје
Поединечно
- женски на возраст до 8 години Клара Алексовска/ КК Скопје, Скопје
- машки на возраст до 8 години Благоја Мисајловски/ КК Ѓ.Петров, Скопје
- женски на возраст до 11 години Јана Смилевска/ КК Металург, Скопје
- машки на возраст до 11 години Елисеј Алаѓозовски/ КК Професионал, Скопје
„Годинава имавме динамика на детали и тоа како прво, во 10 часот при доаѓањето секој учесник доби колаче за добредојде, а клупската екипа доби креди во боја за да цртаат на плочникот во школскиот двор на училиштето Ѓоргија Пулевски – Скопје. За време на официјалното постројување сите добија она што веќе го наведовме за радоста да биде комплетна на секој еден учесник без исклучок. Како највпечатлив цртеж беше прогласено делото на членовите на Карате клубот „Куманово 75“ од Куманово, кои се носители на оваа титула две години по ред“, вели организаторот на Лорд купот, Димче Јанковски.
Ipon.mk