Завршија Државното изборно првенство во карате и Плеј офот/Бергерот за избор на репрезентацијата за Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Санта Круз на Тенерифе во Шпанија од 25 до 29 октовмри оваа година, по што веќе се познати имињата кои може да патуваат на шампионатот.
Конечниот збор го има Извршниот одбор на Крате федерацијата на Македонија (КФМ) поради контроверзни одредби.
И на Државното изброно првенство и на Плеј-офот прва е екипата на Металург, Олимпик спорт и Макпетрол ги заменија местата по втората контрола, бидејќи Олмпик беше втор на Изброното по успешност, а Макпетрол трет. Сепак, ова не значи дека по успешноста на Плеј офот таков ќе биде и соодност на клупската застапеност во репрезентацијата, бидејќи Државното изборно првенство имаше имаше коефициент 3, а Бергерот 2, така што беше многу тешко да се освои првото место кое, условно обезбедува место во репрезентацијата.
Минатите денови пушувавме за добитиниците и губитниците, а сега ќе ви дадеме можност сами да ги погледнете и да ги споредите резултатите и табелите на успешност по двете проверки.
iОфицијални резултати Државно изборно првенство кадети, јуниори и У-21.
Плеј офф турнир за кадети, јуниори и У-21 – косистеми.
Плеј офф турнир за кадети, јуниори и У-21 – резултати.
Ipon.mk/В.Д.