Мердијан Алими избоксира добар меч против Чехот Томас на „Купот на нациите“

Мердијан Алими (-52 кг) избоскира добар меч против Чехот Ондра Томас на Меѓународниот младински турнир „Куп на нациите“ во Врбас, Србија, и загуби со судиска одлука 0-5.

Алими го освои бронзениот медал на Купот на нациите.

Тренерот Насер Харуни е задволоен од прикажаното, но жали што победата не му припадна на Алими во оваа слина конкуренција.

Вториот наш репрезентативец Баки Ајети (-80 кг) треба да се бори на 27 мај.

Харуни истакнува дека ги користат деновите во Врбас и за спаринг борби.

Да потсетиме дека на турнирот настапуваат боксери од 29 земји, како што се САД, Казахстан, Узбекистан, Русија и државите од регионот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON