Мераб Двалишвили: Се надевам дека ќе тренирам со Конор Мек Грегор

Шампионот на УФЦ во бантам категорија, Мераб Двалишвили, призна дека би сакал да тренира со една од најголемите ѕвезди на мешаните боречки вештини, Конор Мек Грегор.
„Мислам дека Конор е навистина мотивиран да се врати во спортот. Кога бев во Кина, се сретнав со некои негови пријатели. Тие го повикаа, а потоа ми го дадоа телефонот. Конор ме праша дали сакам да тренирам со него. Јас реков: „Секако, сакам да го направам тоа“. Но, сега сум на тренинг за следната борба и не можам да престанам да тренирам. По борбата со Кори Сандхаген, би сакал да се борам уште еднаш пред крајот на годината, а потоа би можел да го посетам Конор. Се надевам дека сè ќе се среди. Среќен сум за него и би сакал да го видам како се бори на гала вечерта на УФЦ во Белата куќа“, изјави Грузиецот за Спортскееда.



