Се чини дека сме се поблиску до боксерскиот меч за апсолутниот светски шампион во тешка категорија.
Александр Усик неодамна го победи Ентони Џошуа во реваншот и ги одбрани титулите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, а по мечот го прозва шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.
Кралот на Ромите не требаше долго да чека на одговор, а патем ги презентираше своите нереални финансиски барања.
Фјури даде рок до 1 септември, а изјави дека нема да се врати во рингот доколку не добие понуда од 500 милиони фунти.
Еден од менаџерите на Усик, Егис Климас, верува дека борбата ќе биде договорена многу брзо.
„Колку што знам, сите се согласија со условите“, рече Егис Климас и додаде:
„Тајсон Фјури веќе кажа „да“ и е подготвен за тој меч. Усик? Се разбира, веќе порано се изјасни. Се поблиску сме до нивниот судир“.
Менаџерот откри и кога би можела да се случи пресметката.
„Можеби до крајот на годината или почетокот на следната година. Но за тоа ќе зборуваме подоцна“, рече Егис Климас и продолжи:
„Сега сме на 80 проценти дека борбата ќе се договори и веројатно повторно во Саудиска Арабија“.