Менаџерот на Поветкин вината за поразот ја најде кај коронавирусот

Менаџерот на Александар Поветкин, Дмитри Иванов, е убеден дека коронавирусот сериозно го погодил поранешниот светски шампион во битката со Дилиен Вајт.

Саша два пати го одложуваше реваншот поради болест и неуспешно закрепнување.

„Јас не сум медицински специјалист, но колку што знам коронавирусот сè уште се проучува, а особено последиците од него“, рече Иванов.

„Тешко е да се каже точно колку болеста го погоди Саша за време на подготовките и дали целосно се опорави за мечот.

Верувам дека по компликациите не можеше да го покаже своето вистинско лице во рингот – тој беше бледа сенка. Се виде дека неговата способност да одржува концентрација и реакции се нарушени. Ако го споредиме неговото однесување сега и пред коронавирусот – тогаш Саша беше „во режим на подготвеност“. Тоа е она што го мислам“, додаде менаџерот.

На првиот меч Поветкин го нокаутира Вајт откако собра два нокдауни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО