Менаџерот на Павлович: Не му е грижа што Џонс е Кинг Конг

Ризван Магомедов, кој е менаџер на УФЦ борецот Сергеј Павлович, зборува за шансите на Русинот да добие борба за титулата.

Павлович загуби на дебито во УФЦ од Алистер Оверем, а потоа продолжи во победничка серија од шест борби. Сергеј ги нокаутира противниците во првата рунда. Тој успеа да ги нокаутира Марсело Голм, Морис Грин, Шамил Абдурахимов, Дерик Луис, Тај Туиваса и Картис Блејдс.

Сергеј пред неклоку дена во Лас Вегас го нокаутира Блејдс. Тој сакаше шанса за појасот, но веројатно ќе треба да почека. Џон Џонс сака да го брани појасот против Стипе Миочиќ.

Ризван верува дека Сергеј годинава ќе се бори за појасот.

„Сергеј Павлович ќе се бори за шампионската титула пред крајот на годината. Апсолутно сум убеден во тоа. Нема други претенденти. Тој веќе го докажа своето право на титулата.

Френсис Нгану имаше среќа што го напушти УФЦ. Сергеј ќе ја разобличи неговата слава. Павлович има шанса да победи апсолутно секој борец.

Нему не му е важно што Џон Џонс е Кинг Конг“, рече Магомедов, пренесува ТАСС.

За жал, оваа борба веројатно никогаш нема да се случи. Џонс го сака Стипе Миочиќ, па ќе се повлече од ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON