Менаџерот на одличниот Кубанец тврди: Френк Санчез наскоро би можел да добие прилика да се бори со најдобрите

Непоразениот кубански боксер, 29-годишниот Франк Санчез, има 19 професионални победи и прави големи чекори кон врвот на светската ранг-листа во тешка категорија.

Санчез минатиот месец се бореше со Ефе Ајагба, а нивниот меч беше на програмата на боксерскиот спектакл предводен од Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер.

Кубанецот го совлада Нигериецот и со тоа му го нанесе првиот пораз во кариерата. Набргу по триумфот тој ја договори следната борба.

Имено, Френк Санчез ќе настапи на новогодишната ноќ на настан во Мајами кој ќе го предводи мечот на Чарлс Мартин и Луис Ортиз, а противник ќе му биде Порториканецот Карлос Негрон. Менаџерот на Санчез, Мајк Борао, верува дека Френк може да боксира против најдобрите.

„Тој е еден од најактвините боксери од висока класа кој настапува на големи настани. Неговиот подем е врвен и е голем талент“, – изјави Мајк Борао и додаде:

„Френк Санчез денеска може без никакви проблеми да боксира против Тајсон Фјури. Но, треба да продолжиме да победуваме и да го градиме патот до врвот. Само така може да дојде во позиција да стане предизвикувач за титулата. Сигурно ќе го чека редот, а тоа не може да биде брзо. Кога Френк ќе добие шанса да се бори за појасот, тогаш ќе постане светски шампион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО