На 13 јануари Артур Бетербиев постигна нова брза победа над предизвикувачот за титулата Калум Смит, а промоторот на рускиот боксер, Боб Арум, објави приближна временска рамка кога Бетербиев ќе биде подготвен да се врати во рингот.
„Сè уште нема договор, но ние апсолутно сакаме да ја направиме оваа борба со Бивол“, рече Арум за борбата против Бивол веднаш по победата на Бетербиев над Смит. „Значи, околу три месеци по завршувањето на Рамазан, ќе бидеме подготвени да се бориме со Дмитри Бивол, веројатно во Ријад“.
Копромоторот на Бивол – Герман Титов од РЦЦ бокс промоцијата во интервју за ТВ Меч изрази мислење дека во блиска иднина треба да се очекува најава за борбата меѓу Бивол и Бетербиев.