Менаџерот на Дионтеј Вајлдер, Шели Финкел, објасни зошто ја одбиле понудата од 100 милиони долари на ДАЗН.
Стриминг сервиост го понуди наведениот износ на ВБЦ шампионот за три борби, вклучувајќи две со ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот Ентони Џошуа.
„Прашавме колку добива Џошуа и никогаш не ни одговорија“, изјави Финкел за Лос Анџелес тајмс.
„Она што го понудија звучи добро, но може да не звучи толку добро, ако оној другиот добива два пати или три пати повеќе, а ние никогаш не знаевме колкава е таа бројка.
Спомнува дека само пред неколку месеци промоторот на Џошуа, Еди Херн, понудил 15 милиони долари, а новата понуда е двојно повисока.
Вајлдер и тогаш ја одби да понудата и договори меч со Тајсон Фјури.
„Кога ја повлекоа понуда од 15 милиони долари ни рекоа: Што ќе правите сега? Немате никого. Но имавме кого. Го имавме Тајсон Фјури и денес е Дионтеј многу поголемо име од тогаш и сега истите луѓе ни понудија неколкукратно повеќе отколку првиот пат. Можете ли да замислите колку ќе нудат за шест месеци“?
Претседателот на Шоутајм спорт, Стефан Еспиноза, рече дека и ДАЗН и Шоутајм се обидуваат да потпишат договор со Вајлдер за повеќе борби.
Еспиноза нема ништо против ДАЗН и Шоутајм заедно да ја работат борбата Вајлдер – Џошуа, како што неговата компанија заедно со ХБО во 2015 година го работеше плати па гледај за борбата меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао.
„Мораме да се вратиме на договорите за таа борба. Дионтеј беше на разговорите и му нуди договори за четири до пет борби. Кога ја работевме Мејведер-Мек Грегор УФЦ не рече: Флојд мора да се потпише на три борби со нас. Кога ја организиравме борбата со Фјури никој не рече дека Фјури мора да потпише за ПБЦ и Шоутајм на четири борби, но тоа се условите кои се поставуваат пред Вајлдер, за да ја добие борбата со Џошуа или реваншот со Фјури“.
„Да се вратиме на основите. Веќе сите обидоа да потпишат договор со Вајлдер на 4-5 борби. Тоа не е поминато. Да се вратиме на она на што требаше да работиме од првиот ден, и тоа се големите борби. Не бараме се да биде по наше, да дојде до овие борби потребна на ни е некоја форма на соработка и тогаш нема да создадаваме пречки за борбите што ги сакаат сите“, заклучи Еспиноза.