Менаџерот на Хабиб: Ако Нурмагомедов го сретне на улица Мејведер ќе го скрши од ќотек

Откако Флојд Мејведер го нокаутира младиот Јапонец, Теншин Насукава, за само 139 секунди и инкасира 9 милиони долари, повторно се актуелизира можноста за борба против шампионот на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов.

Менаџерот на Хабиб,Али Абдел Азиз во интервју за „ТМЗ спорт“ истакна дека Флојд го моли за борба против Нурмагомедов.

„Со Флојд се допишувам последниот месец. Ме преколнува за борба со Хабиб. Му кажав дека е стар и дека телото му е слабо. Луѓето мислат дека сум луд, но навистина верувам дека Хабиб би го претепал. Мисли дека Хабиб е лесен борец, но тој е млад и многу поцрвст“, изјави Абдел Азиз и додаде:

„Флојд не е борец, тој е спортист. Во УФЦ морате да бидете комплетен борец. Тој би добил тежок ќотек ако го сретнеме на улица, бидејќи не знае да се брани во таква борба. Нема храброст да влезе во таква борба. Од друга страна Хабиб е подготвен да се бори кадебило. Флојд тоа може да го прави само во боксерскиот ринг“, заврши менаџерот на Хабиб.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО