Порталот Combatpress објави дека Федор Емилијаненко официјално потпишал договор со УФЦ. Веста го запали интернетот и почна да се шири на социјалните мрежи. Сепак, според долгогодишниот пријател и менаџер на Федор, работа не е завршена.
Вадим Финкелчтајн е долгогодишен пријател и менаџер на Федор. Откако почна да се шири информацијата дека Федор потпишал за најсилната ММА промоција во светот, Финкелчтајн за MMAFighting.com изјави дека потписот се уште не е ставен на договорот.
„Ништо не е потпишано. Во овој момент ние само разговараме“, рече Финкелчтајн.
Тој додаде дека се уште е можен договор со УФЦ, но дека објавата на Combatpress e малку преранa и дека засега разгледуваат неколку понуди. Но, јасно е дека Федор се враќа. И понатаму останува прашањето кога и каде ќе се бори.
„Федор тренира секој ден и сака да се бори“.