Меморијалниот турнир „Легендите на Спартак“ на 3 јуни

На 3 јуни ќе се одржи 23. Меморијален меѓународен турнир во борење „Легендите на Спартак“.

Право на настап на турнирот ќе имаат момчиња родени 2009 – 2012 и девојчиња , родени 2010 – 2012.

Според правилникот, секој боречки клуб ќе има право на настап со по еден натпреварувач во секоја натпреварувачка категорија кои ќе имаат заверена легитимација од Боречката федерација на Македонија или со пасош.

Бидејки турнирот е од меѓународен карактер, освен од Македонија ќе настапат и борачи и екипи од Србија, Грција, Косово и Бугарија.

Турнирот ќе се одржи во Спортската сала на ООУ „Никола Карев“ во Кочани со почеток од 11 ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО