Мелвин Гилард (32-17-2, 3 НЦ) се бореше на Кунлун фајт ММА настанот во Јантаи во Кина.
„Младиот убиец“ за време на УФЦ кариерата само еднаш бил со прекумерна тежина за борбата (против Доналд Кероне), а откако во 2014 година е отпуштен, пет пати бил претежок, вклучувајќи и меч за титулата на ВСОФ.
Во Кина се појави со лежерни 5 килограми над границата полусредна категорија и со 82 килограми беше поблиску до средна категорија.
На 33-годишниот Гилард таквата ноншалантност му се освети, бидејќи Маслим Салихов (21-1) го нокаутираше со одличен заден кружен удар.
https://youtu.be/bnzxEsEchn0
.