Мелендез: Или ќе го нокаутирам или ќе бидам нокаутиран!

Zilbert Melendez

Жилберт Мелендез на УФЦ 181 ќе на падне титулата во лесен категорија и ќе се обиде да го преземе појасот од актуелниот шампион Ентони Петис.

Мелендез е свесен дека ова му е можеби последната шанса да стане шампион во УФЦ. Во мечот сака да влезе без калкулации, по цена и да биде нокаутиран.

 „Или јас ќе го нокаутирам него или тој мене“, го најави овој меч Мелендез.

 Петитс претходно изјави дека неговиот противник нема да ја преживее првата рунда, исто како и претходните тројца противници. Но, Мелендез не верува во таков развој на борбата.

 „Никој никогаш не ме средил. Нема ниту Петис. Не можам да дочекам да го видам изразот на нговото лице на крајот од првата рунда кога ќе сфати дека заостанува една рунда и кога ќе стане свесен дека пред него е долга ноќ“.

 Мелендез за време на неговата кариера загуби и сите три судиска одлука.

 УФЦ 181 се одржува ноќта во сабота спрема недела на 7 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON