Конор Мек Грегор даде изјава за ирската јавност откако потврди дека мерките за борба против пандемијата на коронавирус ќе стапат во сила во Ирска. Во текот на последните неколку недели, коронавирусот се шири како шумски пожар низ Европа и целиот свет. Во моментов, во Ирска има 2121 потврден случај, како и 22 смртни случаи.
Мек Грегор неодамна ги повика властите да ја затворат Ирска, а ирскиот премиер Лео Варадчар рече дека нацијата мора да се „откаже од слободата“ за да го почитува карантинот. Конор е задоволен од мерките и верува дека владата треба да ја користи својата армија, како и полицијата.
„Здраво на сите, здраво Ирска. Веќе влеговме во посуштински мерки и задоволен сум тоа што го видов. Гледате, ако не влезете во игра, не може да победите. Веќе влеговме во оваа игра и со строго придржување кон методите ќе победиме. За ирската јавност – треба да се придржуваме кон законодавните мерки што вчера ги предложија нашите водачи.
Не повеќе од два километри од дома, без незначителни патувања и целосно затворање на сите мали бизниси. Сега, повеќе од кога и да било, треба да го почитуваме тоа и да се молиме за здравјето и безбедноста на нашата земја. Од тоа зависи судбината на нашите животи и животот на нашите најблиски. Нашите аеродроми треба да се затворат.
Заедно, треба да ги промовираме тренизите дома и треба да промовираме планови за зајакнување на имунитетот. До нацијата – следете ги овие мерки беспрекорно и подгответе се за пет недели. Потоа сме слободни. Пет недели до слобода. Можеме да го направиме тоа. Одбројувањето почнува сега“, порача Мек Грегор.