Мек Грегор за Волкановски: Брзо ќе се справам со него

Поранешниот шампион во две категории на УФЦ Конор Мек Грегор (22-6) го предизвика шампионот во перо категорија Александар Волкановски (26-2). Ирската суперѕвезда на УФЦ е на мислење дека Волкановски не е најдобар, без разлика на тежинската категорија.

Волкановски долго време беше на врвот на ранг-листата на УФЦ, без разлика на категоријата. Сепак, Џон Џонс се врати и го исфрли од првото место во дивизијата. Мек Грегор сега му скокна на Волкановски и рече дека тие двајца треба да се борат.

„Тој глупав Волкановски не може да биде најдобар борец, без разлика на тежината. Тоа, едноствано, е глупаво. Брзо би се справил со него. Тој е лесен за разградување, погодување и повредување.

Го сакам тоа што има титула, но еден ден треба да се бориме да го изгаснеме најголемиот борец во перо категорија досега“, напиша Мек Грегор на Твитер.

Волкановски не му остана должен и напиша:

„Ајде да се бориме на УФЦ 300!“, одговори Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО