Конор Мек Грегор повторно помисли на Хабиб Нурмагомедов.
На својот профил на социјалните мрежи Мек Грегор се потсети на нивната борба во 2018 година. На почетокот на минатиот месец поминаа 5 години од средбата која стана најпродавана во историјата на УФЦ. Хабиб и Мек Грегор продадо 2.400.000 платени прегледи.
Мек Грегор пред борбата го опсипуваше Нурмагомедов со навреди и се закани дека ќе победи со нокаут. Во кафезот Хабиб го собори, а потоа го принуди на предавање во 4. рунда. Хабиб ја одбрани титулата, а потоа се настана масовна мешаница.
Пријателите на Нурмагомедов влегоа да го тепаат Мек Грегор, кој не попушти. Хабиб, пак, скокна да се бори со Дилан Денис. Сега Конор се сети на тие моменти и изјави дека Хабиб е кучка која се откажала од спортот.
„Пред 5 години. Годината беше 2018 година. Сега сум црн појас. Во мојот скор има лица кои ги скршив во клинч. Тоа пријателче се откажа, никогаш не заборавајте го тоа. Тој е кучка“, напиша Мек Грегор за Хабиб
Очигледно, Мек Грегор никогаш нема да ја заборави оваа расправија.
View this post on Instagram