Мек Грегор за борбата на УФЦ 202 ќе добие 3 милиона долари

Konor vika na vaga na UFC 202

Конор Мек Грегор освен што успеа да го победи на Нејт Дијаз во реваншот и да се обезбеди услови за трет меч, ќе добие и рекордна исплата.

Ирецот за настапот на УФЦ 202 ќе добие три милиони долари, а Дијаз два милиона, објави Спортската комисија на Невада.

Тоа е рекорд основа на плата исплатена во УФЦ. Претходно, најмногу се исплатени 2,5 милиони долари, а ги доби Брок Леснар за борбата со Марк Хант на УФЦ 200 минатиот месец.

Ова е само основна плата, Мек Грегор оваа недела соопшти дека ќе заработи 10 милиони долари.

Никој нема да го добие бонусот за победа, но затоа и двајцата добија бонус по 50.000 долари за борба на вечерта.

Рамбле Џонсон и Доналд Кероне се наградени со бонус од 50.000 долари за изведба на вечерта на УФЦ 202.

Џонсон за нокаутот против Гловер Тешеира заработи вкупно 270.000 долари плата (135.000 + 135.000 бонус за победа), а Бразилецот 65.000 долари.

Кероне за настапот против Рок Стори доби 85.000 и исто толку бонус за победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО