Мек Грегор: Целиот притисок е врз Алдо, тој ќе пукне!

Gregor Aldo dolg jazik

Конор Мек Грегор и Хозе Алдо се во таква позиција што и двајцата имаат шанси за победа. Шампионот Алдо ќе ја брани титулата против кандидатот Мек Грегор на УФЦ 189. Сепак, Мек Грегор смета дека предноста е на негова страна, бидејќи целиот притисок е врз Алдо. 

„Јас сум одам по својот пат и знам дека психички го победив за време на медиумската тура. Знаев дека откако прес-конференциите ќе завршат, тој ќе се врати во Бразил и сериозно ќе тренира. Тешки вежби, тешки рунди. Го гледа целиот Бразил. Тензиите се целосно врз него, бидејќи тој мора да го победи овој брборлив Ирец. Тешки, тешки рунди, од кои неговото тело ќе се скрши“.

Грегор не престана да го навредува и малтретира Алдо за време на медиумската турнеја. Изгледа дека Ирецот успеа да му влезе под кожа на Бразилецот со сиот циркус, при секоја нивна средба.

„Прес-конференциите беа комбинација од тоа да го гледам во очи и да му кажам што ќе се случи… Знаев дека тој не зборува англиски, затоа му реков на неговиот мајчин јазик во Рио де Жанеиро, дека ќе умре“. Ова е дефинитивно една од најпознатите долгоочекувани битки, која ќе привлече многу гледачи. Дали мислите дека Алдо ќе ја задржи титулата или Конор ќе успее да му ја земе- со победа?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО