Мек Грегор: Сите знаете дека сум добар

Конор Мек Грегор е многу активен во последно време, како на социјалните мрежи, така и во теретана. „Озлогласениот“ е инспириран откако Хабиб Нурмагомедов објави дека се повлекува од ММА и веројатно ќе му биде одземена титулата, иако, засега, Дана Вајт не го навестува.

32-годишниот Ирец е убеден дека ќе може повторно да победи и пред неколку недели се согласи на реванш со Дастин Пориер. Нивната борба е закажана за јануари 2021 година и ќе биде во лесна категорија. На почетокот на оваа година, Конор се врати и го нокаутира Доналд Цероне за 40 секунди.

На социјалните мрежи Мек Грегор не престанува да објавува фотографии од тренинзите, како и да се фали со своите достигнувања. Мек Грегор сподели некои од неговите најголеми успеси и рече дека не сака да се пофали, но тој дефинитивно беше добар во ММА.

„Најбрз нокаут во битка за титулата. Повеќето нокдауни во борба за титулата. Титули во перо и во лесна категорија. Двоен шампион.

Ако ти кажам дека сум добар, најверојатно ќе ми кажеш дека се фалам. Ако ти кажам дека не сум добар, тогаш ќе знаеш дека лажам“, напиша Конор.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО