Мек Грегор си најде ангажман – влегува во реалити шоу?!

Се чини дека Конор Мек Грегор си најде нов ангажман оо најавата за пензионирањето, трет пат во неговата кариера.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, на кого му е миленик, регаираше во стилот „баш ми е гајле“, а британските медиуми објавија:

„Мек Грегор влегува во реалити шоу“.

Ирецот ќе биде дел од екипата на новата сезона на реалното шоу „Јас сум славна личност, извадете ме од овде“, во која познати личности „преживуваат“ во џунглата и учествуваат во игри во кои претежно јадат бубачки и оставаат змии да лазат по нив.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО