Мек Грегор се враќа во текот на летото

MMA ѕвездата Конор Мек Грегор, најверојатно, ќе се врати во октагонот во текот на летото. Тоа го најави неговиот тренер Џон Каванаг. Во последениот меч Ирецот загуби од Хабиб Нурмагомедов.

„Ако не добиеме реванш со Нурмагомедов, тогаш ќе биде интересен третиот меч против Нејт Дијаз“, рече тренерот и додаде:„Се надевам дека Хабиб нема да го суспендираат на подлго време. Ја разбирам неговата реакција по натпреварот. Не го разбирам однесувањето на неговиот тим. Како е можно да го напаѓаат Конор зад грб?“

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО