Мек Грегор се потсети на тепачката по борбата со Хабиб

Поранешниот двоен шампион Конор Мек Грегор се присети на мешаницата што се случи по неговата борба со Хабиб Нурмагомедов. Тие се бореа во 2018 година и нивната борба стана најпродаваната во историјата на УФЦ. Хабиб успеа да доминира и го натера Мек Грегор да се предаде во 4-тата рунда.

Веднаш по битката, Хабиб скокна во толпата и започна пресметка со Дилан Данис, а луѓето од таборот на Хабиб скокнаа во кафезот и го нападнаа Мек Грегор. Зубаир Тухугов налета да го удри Конор, а тој му одговори и го удри под окото.

https://www.instagram.com/p/CGSEXx8pTvo/?utm_source=ig_embed

Истото му се случи и на Абубакар Нурмагомедов, кој го нападна Конор и доби удар во окото. Конор сподели видео од инцидентот на социјалните мрежи и напиша дека соборците на Хабиб немале среќа таа вечер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON