Мек Грегор: Се понудив за борба со Френки Едгар

Веројатно поттикнат од последната изјава на Дана Вајт дека ќе го одземат шампионскиот појас во лесна категорија и дека се сомнева дали некогаш пак ќе се бори, Конор Мек Грегор се огласи преку Инстаграм.

Вели дека се понудил за борба со Френки Едгар на 3 март, откако Макс Холовеј морал да ја откаже средбата во перолесна категорија.

„Да се бориме повторно и точја. Јас сум најдобар во ова. Го понудив моето име за УФЦ 222 за борба со Френки Едгар кога Макс Холовеј му откажа, но од УФЦ рекоа дека нема доволно време да ги добијат потребните пари. Бев возбуден поради можноста да скокнам во последната минута и да го решам последниот преостанат борец во перолесна категорија“.

29-годишниот Ирец последен пат се бореше на тежина од 66 килограми во декември 2015 година, кога го нокуатира Жозе Алдо и ја освои титулата во перолесна категорија.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON