Мек Грегор: Се чувствувам отфрлен. Како да не сум добредојден во боксот

УФЦ шампион во лесна категорија го прокоментира „Мек Грегор челинџ“.

По невообичаеното загревање на Ирсецот на неодамнешниот отворен тренинг следеа серија на видео-снимки на интернет со кои се исмеваа неговите потези. Меѓу другите, Дејвид Хеј и Теренс Крафорд се приклучија на „Мек Грегор челинџ“.

За време на конференцискиот повик рече дека ги видел клиповите, но дека не се чувствува навреден, веќе видел слабости во техниката на боксерскиот првак.

„Видов некои од снимките, така е како е, тоа е забавно“.

„Ако ништо друго, гледам вкочанетост кај секој од нив. Екстремитетите мора да ви бидат слободни. Мора да бидете способни да го одвоите своето рамо и да го вратите на точката на удар. Ако ја имате вештината со трепкање на окото може предниот директ да го претворите во кроше или предниот директ во аперкат, исто така со трепкањето на окото. Истото е и со мускулите на колкот кога се удира ногата“.

„Како што покажав во една од многуте методи за ослободување на рамењата, ако тоа може да го направам со мускулите на колковите, точката на удар во милисекунда се сели од стомкот во главата“.

„Го видов Дејвид Хеј како ги удира фокусерите. Не може да удирате рамото ви е исчашено, така си правите сериозна штета. А Дејвид Хеј е човек кој откажуваше борби поради болки во малиот прст, талка што мора да биде внимателен кога удира во фокусери“.

Луѓето од боксерскиот свет речиси се едногласни во тоа дека Мек Грегор нема шанси против Мејведер. ХБО коментаторот Макс Келерман изјави дека шампионот на УФЦ нема да успее ниту еднаш да го удари Американецот, додека Мајк Тајсон рече дека Мек Грегор „ќе умре во рингот“.

„Се чувствувам отфрлен. Како да не сум добредојден. Тоа сигурно ме мотивира, омаловажувањето и игнорирањето на моите вештини. Ги гледам луѓето понекогаш и гледам  затворени умови. Имаат така затворен ум спрема тоа како нешто може да се направи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО