Мек Грегор – Пориер на УФЦ 257 на 23 јануари

Конор Мек Грегор ќе се врати во кафезот на 23 јануари за пресметка со Дастин Пориер,кого пред шест години го суреди за една рунда.

Мек Грегор минатиот месец ја прифати понудата на претседателот на УФЦ, Дана Вајт за меч со Поиер, иако во јуни изјави дека се повлекува од спортот поради малку шанси во средната категорија.

Двајцата влегоа во октагонот на УФЦ 178 во септември 2014 година, кога Ирецот го нокаутираше Американецот во првата рунда во Лас Вегас. Ова ќе биде совршена шанса за Поаире да добие одмазда, иако се шпекулираше дека УФЦ ќе го замени поради големите финансиски барања. Мекгрегор вети дека овојпат побргу ќе ја заврши работата од двете минути во 2014.

„Не само што ќе го подобрам времето, туку ќе го подобрам и ударот со кој ќе го заспијам. Тој можеби е одличен фајтер, меѓутоа јас сум Мекгрегор“, вели Конор.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON